КАКО ДА ГИ ИЗМИЕТЕ СТАКЛЕНИТЕ ШИШИЊА? Мора да го пробате овој трик!
16 август, 20220
Стаклените шишиња може да се користат за домашни сирупи и сокови, но и за варени домати. Сепак, пред тоа треба да се измијат правилно
Постои еден трик кој ќе ви заштеди време, а резултатот ќе ве воодушеви. Се што ви треба е една лажица ориз, малку течност за миење садови и вода.
Прво измијте ги шишињата под млаз топла вода. Оставете малку вода на дното на шишето. Додадете го детергентот, а потоа додадете една лажица ориз, затворете го капакот и енергично протресете неколку пати.
Ако не работи првиот пат, повторете ја постапката додека шишето не стане блескаво чисто. После тоа, добро исплакнете го со млака вода и оставете да се исуши.