
Џенифер Лопез и Бен Афлек овој викенд ќе ја прослават својата љубов со најблиските еден месец откако се венчаа во Лас Вегас. Парот викендов ќе ја прослави венчавката, а тоа ќе биде свадбена веселба прикладна за страниците на „Vogue“, дознаваат странските медиуми.
„Се ќе биде околу Џеј Ло, Бен сака целиот фокус да биде на неа за нивниот голем ден“, потврдил неименуван извор за „Page Six“. Нивната тридневна „интимна прослава за семејството и пријателите“ ќе започне со пробна вечера во петок.
Самата церемонија ќе се одржи во сабота, а парот ќе го затвори викендот со скара и пикник во недела.
Лопез (53) се очекува да облече фустан од модната марка „Ралф Лорен“ направен во Италија, а магазинот „Vogue“ се очекува да го документира нејзиното модно патување во текот на викендот.
Зад планерот на настани од А-листата со ѕвезди е Колин Кауви, чии цени се движат од 25.000 до 25 милиони долари, а тој во минатото продуцираше настани за Опра Винфри, Мајкл Џордан, па дури и за Лопез.
Изворите тврдат дека Мет Дејмон, Џими Кимел, Кејси Афлек и Дреа де Матео се некои од ѕвездите кои се најдоа на списокот на гости на парот. ТМЗ минатиот месец објави дека настанот ќе се одржи на имотот на Афлек во Рисборо, Џорџија.