Крменадлите се секогаш добар избор за гостите, особено ако ги послужите со варени компири или пире. Лесни се за подготовка, а на вас е само да уживате!
Состојки:
шест кременадли
малку брашно
80 гр сув врат
100 гр гауда
50 гр чедар
две лажици кисела павлака
поголемо јајце
малку масло
малку босилек и оригано
сол, бибер
Подготовка:
Измијте ги кременадлите, исушете ги со крпа, посолете, забиберете и извалкајте ги во брашно. Во голема тава загрејте го маслото, па пржете ги кременадлите додека не добијат убава боја од двете страни. Потоа исцедете го месото од вишокот масло, па префрлете го во подмачкан огноотпорен сад. Зачинете го месото со оригано и босилек, а одозгора ставете тенко исечениот сув врат. Измешајте ја павлаката со изматено јајце, додадете ја изренданата гауда и чедарот, сол и бибер, па прелијте го месото. Печете во рерна на 200 степени околу 20-25 минути. Послужете додека е топло, со варени компири.
Пријатно!