
Познатата британска група го држеше овој рекорд цели 55 години
Познатиот канадски рапер, текстописец и актер Дрејк го собори рекордот на славните Битлси како изведувач со најмногу песни меѓу петте најслушани на листата на Билборд, објави самиот Билборд.
Овој рекорд го држеше познатата британска група цели 55 години.
Во моментов, Дрејк има повеќе песни кои стигнале до првите пет во историјата на Билборд листата „Hot 100“ од кој било друг изведувач, пренесува британски „Independent“.
Последниот хит на музичарот, чие полно име е Обри Дрејк Греам, „Stayin Alive“ е создаден како резултат на соработката со неговите познати колеги Dj Khaled и Lil Baby.
Од друга страна, британскиот поп-рок бенд Битлси последен пат се најде на топ листите со нивниот хит „The Long and Winding Road“ од 1970 година.

Познатиот рапер го држи и рекордот по бројот на песни во топ 10, топ 20 и топ 40 на листата „Hot 100“ на Билборд.
За потсетување, Дрејк го надмина рекордот на Битлси во 2018 година за најмногу топ 10 хитови во една година.