Американскиот автопат од милион долари кој станува опасен по живот кога ќе заврне

popara21 август, 20222min00
62362463

Автопатот The Million Dollar Highway е еден од најопасните автопати во САД. Поточно, се работи за делница од американскиот автопат долг 40 километри. Рутата 550 која минува низ западниот дел на Колорадо, поврзувајќи ги Силвертон и Курај.

Наводно името го добил на почетокот на 20 век кога локалните власти почнале да разговараат за неговата изградба на местото на патот кој дотогаш бил наменет само за минување на пошта. Тие верувале дека изградбата на нов пат ќе чини милион долари.

Со оглед на тоа дека областа каде што се наоѓа била центар на рударски активности, некои сметаат дека името го добил затоа што во чакалот што се користел за изградба имало остатоци од злато и сребро вредни точно еден милион долари.

Романтичарите, од друга страна, се убедени дека името го должи на пејзажите вредни милион долари низ кои минува.

Автопатот нуди навистина прекрасен поглед на планинскиот венец Сан Хуан во Колорадо, а особено го одзема здивот низ клисурата Uncompahgre и Црвениот планински премин кој се издига до 3.358 метри.

Ако се најдете на автопатот од милион долари, држете ги очите директно напред. Станува збор за тесен, кривулест и многу непредвидлив пат на кој му недостасуваат заштитни огради и бара максимална концентрација на возачот.

Иако е генерално отворен во текот на целата година, треба да се има предвид дека снежната сезона започнува веќе во октомври и дека патот може да биде затворен за јавноста поради голема количина на снег.

Информирајте се однапред за можноста за дожд. На овој простор врнежите се исклучително обилни, а водата се излева од блиските карпи и создава водопади кои можат драматично да ја комплицираат ситуацијата на патот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag