Светските астролози велат дека ако за пријател имате личност родена во знакот Овен, Бик или Близнаци, имате голема среќа, бидејќи тие се најлојалните луѓе во Зодијакот.
Иако се различни по карактер, едно е сигурно – никогаш нема да ве остават на цедило, туку секогаш ќе ви подадат рака на пријателство.
Еве зошто токму нив треба да ги имате во вашето друштво:
ОВЕН
Колку и да се појавуваат горди и самоуверени, Овните се длабоко емотивни. Многу внимаваат на пријателските односи, бидејќи им е важно да имаат квалитетна личност покрај себе. Нивниот круг на пријатели е тесен, само два-тројца на кои ќе им ги откријат сите тајни или ќе им се залагаат во некои тешки ситуации. Сакаат да споделуваат совети, па често се лутат ако не ги слушате. Со Овенот најдобро се сложува Вагата која нема влакна на јазикот исто како нив.
БИК
Иако се познати по својата тврдоглавост, Биковите се искрени пријатели. Личноста што еднаш ќе ја засакаат и ја пуштаат во својот живот ќе остане таму засекогаш. Не сакаат да имаат многу луѓе околу себе, па затоа внимаваат при изборот на пријатели. Тие се многу рационални, поради што им се допаѓаат на другите, бидејќи се сигурни дека ќе добијат реални совети од Бикот. Не гледаат на животот низ розови очила – кај нив сѐ е конкретно. Затоа ќе им дава такви совети на своите пријатели, дури и ако тоа не им се допаѓа.
Од друга страна, најдобар пријател за Бикот е личност родена во знакот Риби, бидејќи често знаат да ја „смират“ нивната енергија.
БЛИЗНАЦИ
Близнаците често знаат да бидат нагли и навидум бесчувствителни, но кога станува збор за пријателството – не е така. Тие се многу опуштени во друштвото и имаат голем број луѓе околу себе. Сакаат да им помагаат на другите, имаат трпение со часови да ги слушаат проблемите на своите пријатели, но и да понудат конкретно решение. Нема да се налутат ако го постигнете вашиот пат, бидејќи тие се многу либерални по природа.
Меѓутоа, кога Близнаците ќе бидат „фатени“ од некоја нивна промена на расположението, им треба и независен пријател како Водолијата.