„Борбата“ на кралицата на Јадранот со туристите: Градот во кој за скоро се ризикувате казна

popara24 август, 20221min00
62335265-venecija

Како што изгледа според искуството на една стјуардеса која ги сподели своите искуства со порталот Дејли Меил, листата на нешта што би требало да ги избегнувате како турист во Венеција е долга…

Стјуардеса сподели некои од бизарните работи кои би можеле да ви донесат дебела казна додека сте на одмор во Венеција – од хранење гулаби до седење на погрешно место. Аргентинката Барби, која работи како стјуардеса, редовно ги споделува своите совети за патување на нејзиниот прилично популарен канал TikTok, кој има 3 милиони следбеници.

Venecija - 4

Според нејзиното искуство, иако Венеција е еден од најромантичните градови на планетата, дефинитивно е еден од градовите полни со забрани, каде што е многу лесно да се добие парична …

Во видеото Барби објаснува како хранењето на гулабите, седењето на погрешни места или пливањето во каналите може значително да ви го расипе одморот во овој град. Така, ако одлучите да пливате во каналите (иако не разбираме зошто некој би сакал да го направи тоа), ќе останете посиромашни за приближно 300 евра. Ако седите на скалите, спомениците или подот на каналите или случајно одлучите да го сторите тоа на истите места, може да бидете казнети од 100 до 200 евра.

Фрлањето ѓубре на под – 200, возењето велосипед 100 евра и хранењето гулаби може да ве чини од 25 до 500 евра! Многу следбеници го изразија своето незадоволство, прашувајќи се дали нешто е дозволено во Венеција. Сепак, треба да се каже дека ова е само еден начин да се поттикнат туристите да го почитуваат градот во кој се наоѓаат. А се чини дека и Венеција нема проблем со овие казни, бидејќи со оглед на уникатната убавина што ја нуди, ниту овие правила не ги спречуваат многу туристи да продолжат да одат на одмор кај неа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma