Ја изведува Селин Дион, и поради неа е наградена со најистакнатите светски награди
Познатата песна од филмот „Титаник“, „My hard will go on“ ја изведува Селин Дион. Песната, како и филмот, доживеа огромна популарност, а не постои човек што барем еднаш не ја слушнал.
Селин по изведувањето добила бројни награди, а токму оваа песна ја прослави и ја турна меѓу ѕвездите.
Таа беше награден со Оскар за најдобра оригинална песна, доби Златен глобус и Греми во 3 различни категории.
Она што е интересно е дека пејачката првично не сакала да ја сними.
– Не се чувствувам добро! Имам стомачни болки… изјавила тогаш пејачката за да го избегне снимањето на овој хит.
Песната е снимена во еден обид, а подоцна таа демо снимка е објавена како сингл. За се е одговорен менаџерот и сопруг на пејачката, Рене Анџели, кој успеал да ја убеди да ја сними таа демо верзија.
Неверојатен е успехот на песната која раскажува за тажната љубовна приказна која им се случила на Роуз и Џек. Оваа песна е многу емотивна и ја опишува тажната судбина што ги снајде главните ликови во филмот.