Еден од најбизарните геолошки феномени во Северна Америка се наоѓа во канадскиот Јукон, каде се наоѓа и најмалата пустина во светот. Широка само 600 метри, пустината Каркрос е навистина уникатна. Лилипутанскиот песочник од само 2,59 квадратни километри го изненадува дури и локалното население.
Со текот на времето, градот Каркрос станува сè попопуларна туристичка дестинација што ја посетуваат патниците за да се уверат во малите дини, да дојдат да сурфаат на песокот, да одат на санкање или да возат квадови. Штом падне доволно снег, пустината се претвора во игралиште за зимски радости. Пустината ја буди љубопитноста на канадските научници и геолози кои се уште се обидуваат да ги откријат сите тајни за потеклото на овој геолошки феномен.
Се верува дека пустината Каркрос е резултат на дејството на мразот, ветерот и водата во текот на 10.000 години. Како што мразот почна да се топи и да се повлекува кон југ, долините на јужниот дел на Јукон останаа избраздени. Со текот на времето се формирале огромни езера, а кога мразот се повлекол, нивото на водата паднало, оставајќи плажи и вдлабнатини меѓу долините. Силните ветрови го собраа песокот и го разнесоа на северозапад, создавајќи една од најневеројатните пустини во светот.
Иако не може да се спореди со пустините Сахара, Гоби или Калахари, малите дини на Каркрос се исто така восхитувачки.