Истражувањето кое се обидува да го пронајде најсреќното место на светот никогаш не е доволно, а според ова, ласкавата титула и припаѓа на една позната азиска дестинација…
Што е воопшто среќата? Ова е прашање што го мачи човештвото илјадници години. Но, истражувањето на туристичката компанија Клуб Мед се обидува да даде одговор, а според нив среќата вклучува евтино пиво и спа третмани.
Клуб Мед објави истражување кое ги рангира најсреќните дестинации за одмор на планетата, а за да го сторат тоа, открија голем број фактори кои придонесуваат за среќни патувања. Гледајќи низ бројни дестинации, Клуб Мед анализираше различни работи како што се бројот на бањи, нивото на загаденост, но и цената на пивото. Други фактори вклучуваат антикриминални мерки и лична безбедност, број на активности на отворено, достапни дневни патувања, ЛГБТК+ пријателство…
Индонезискиот Бали е на врвот на листата на Клуб Мед, благодарение на мноштвото велнес центри и активности на отворено. Додадете на тоа евтино пиво, многу сончеви денови и генерално добра атмосфера на местото, и ќе признаеме дека е прилично тешко да се остане имун на шармот на Бали.
Следен на листата е Лас Вегас, кој доби висок безбедносен рејтинг, следен од Њу Орлеанс и Барселона, од кои и двете добија највисоки оценки за инклузивност на ЛГБТК+.
Петтото место му припадна на Амстердам, а потоа следи главниот град на Унгарија – Будимпешта, а ТОП 10 го затвораат Ванкувер, Сан Франциско, Дубаи и Рио де Жанеиро.