Cahercastle е средновековен замок кој бил изграден пред повеќе од 600 години и се рекламира како место каде што можете да живеете како крал.
Малиот замок Кахеркасл во близина на Краугвел, Ирска стана голем хит на „Airbnb“. Оваа онлајн платформа за изнајмување сместување го вклучи во нивната листа на најпопуларни необични сместувачки единици во 2021 година.
Дека сместувањето во замокот е навистина многу популарно, говори и фактот дека првиот слободен термин може да се резервира дури во март 2023 година.
Cahercastle е средновековен замок кој бил изграден пред повеќе од 600 години и се рекламира како место каде што можете да живеете како крал. Затоа не е чудно што многумина се заинтересирани да преспијат во него.
Сопствениците Петар и Ева веднаш јасно кажуваат дека кралскиот живот во 15 век не бил совршен. Замоците не биле дизајнирани со бањи и тушеви, така што ќе мора да бидете подготвени да се спуштите по спиралните скали од врвот на кулата во дневната соба за да се искапете.
Кадата во дневната соба е дел од шармот на Cahercastle, како и греењето на дрва.
Замокот е реконструиран и вратен во првобитната состојба користејќи традиционални материјали како што се локалниот камен, варовник и дабови греди. Во исто време, е користена модерна технологија, па можете да најдете некои модерни погодности во замокот, како што е соларното греење на водата.
Сопствениците живеат во замокот и постојано го обновуваат и подобруваат. На сите заинтересирани им нудат можност да престојуваат во главната спална соба на катот со приватен пристап до кулата, дневната соба и трпезаријата.
Замокот може да се изнајмува преку „Airbnb“ по цена од околу 200 евра за ноќевање. Дел од неговиот средновековен шарм погледнете во галеријата на почетокот на текстот.