Кречењето може драстично да влијае на цената на станот: Кога купувачите ќе ги видат ОВИЕ бои на ѕидовите, бегаат без оглед на се!

popara29 август, 20221min00
Boje

Погрешната боја на ѕидовите може сериозно да ја намали цената на имотот

Ако продавате стан или куќа, тогаш сигурно знаете колку е важно да оставите добар прв впечаток кај потенцијалниот купувач.

Постојат бројни трикови кои ќе ви помогнат да ја подигнете цената на имотот, но, од друга страна, одредени грешки можат сериозно да ја намалат цената.

А една од тие работи е бојата на ѕидовите.

Мајкл Роланд, директор на компанија која продава ѕидни бои, ги откри десетте нијанси кои најмногу ги одбиваат клиентите.

Бегаат штом ќе ги видат и тоа од две причини!

– Светлите бои кои привлекуваат очи ги одбиваат купувачите. Важно е да можат да се замислат себеси, членовите на семејството и нивните работи во вашиот простор, а силната боја ќе им го одвлече вниманието. Ако сте го изразиле својот карактер со боја, сте му отежнале на потенцијалниот купувач тој простор во главата да го претвори во свој – вели Роланд и додава дека розовата е на самиот врв на листата.

– Доколку продавате стан или куќа, не користете бои за да ја изразите вашата личност и вкус, бидејќи купувачот мора да го замисли просторот во свој стил. Но, тоа е само една причина, другата се парите. Купувачот што ќе го погледне вашиот имот веднаш ќе почне да пресметува во главата, уште колку пари ќе треба да одвои за бојадисување и вадење на вашата шарена позадина, а трошокот само ќе му расте – објасни Роланд.

Ова е листа од десет бои кои ги одбиваат купувачите на недвижнини:

  1. Силна нијанса на розова боја
  2. Неонско розева
  3. Неонско жолта
  4. Зелена
  5. Силно црвена
  6. Бебешко розева
  7. Впечатлива портокалова
  8. Црна
  9. Боја на лимон
  10. Сина
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma