Откриено колку заработува Ким Кардашијан од само една објава на Инстаграм: Во прашање е ОГРОМНА цифра

popara1 септември, 20221min00
profimedia-0674035808

Ќе ви се сврти во главата кога ќе слушнете за колку пари се работи

Ким Кардашијан е дефинитивно најпознатата старлета и инфлуенсер во светот, а со тој статус доаѓа и значителна заработка. Само на Инстаграм ја следат 329 милиони луѓе, а сега е откриено колку заработува од тоа.

Имено, според проценката на „Influencer Marketing Hub“, Ким во 2022 година заработувала меѓу 620 илјади и 1 милион американски долари по објава на својот Инстаграм профил.

Да се потсетиме, Ким пред две години откри дека нејзиното присуство на Инстаграм е толку профитабилно, што заработила повеќе пари од објавите на таа мрежа отколку од претходниот, мултимилионски договор за шоуто „Keeping Up with the Kardashians“.