
Ловоровиот лист не само што е задолжителен зачин во кујната, може да се користи и за перење алишта
Доволни се само неколку листови за да го забележите овој неверојатен ефект што го добивате ако ги ставите заедно со вашите алишта во машината за перење.
Многупати сме пишувале за трикови кои го олеснуваат секојдневието. Повеќето од нив не биле сосема непознати, со оглед на тоа дека многу од нив ги користеле нашите мајки и баби. Еден од нив е додавањето ловоров лист при перење алишта.
Сигурни сме дека не сте слушнале дека ловоров лист се става во машината за перење, а трикот нема ефект на омекнување на алиштата или додавање мирис, туку повеќе служи за – зачувување на бојата, но и за враќање на бојата што исчезнала при претходни перење.
Ловоровиот лист можете да го ставите директно во машината за перење, но многу подобар ефект ќе добиете доколку алиштата ги натопите во тенџере наполнето со вода.
Во зависност од количината на алишта, земете до десет ловорови листови, ставете ги во вода и сварете ги.
Кога водата малку ќе се олади, по 20-30 минути натопете ја облеката во неа и оставете ја да отстои неколку часа. Од време на време можете рачно да ги промешувате алиштата за уште подобар ефект. Потоа убаво исцедете ја облеката и измијте ја во машина за перење или на рака.
Овој трик најдобро функционира со бела облека
Ако ловоровиот лист за чудо не помогне, има уште неколку начини на кои можете да пробате. Еден од нив е ставање две лажици сол во машината за перење. Долго време се користи за перење завеси и покривки, бидејќи ефикасно ги отстранува дамките и им ја враќа белата боја.
Ако имате многу црна и темна облека, обидете се да додадете кафе или чај во вашите алишта. Овој едноставен, природен трик ќе ви овозможи да уживате во интензивната црна боја на вашата омилена облека. Доволно е во делот за перење да ставите четвртина чаша силен чај или кафе. Овој пијалок има многу интензивна боја и ќе спречи вашата облека дополнително да избледи.