Синиот рај кој ги збунува научниците: Уникатна појава за која никој не ја знае причината

popara2 септември, 20221min00
61562301-perito-moreno

Од жешките танго чекори до глечерите – сето тоа ве чека на патување кое не треба да се пропушти. Затоа, не е чудно што многумина ја нарекуваат културата и геологијата на Патагонија драматична и препорачуваат да ја видите во живо.

Од огнениот Буенос Аирес до Езерскиот округ во Чиле; планини покриени со снег, зелени водопади кои паѓаат над црните карпи настанати по ерупција на лава, чисти езера, вулкани, шуми и глечери се само дел од интересните работи кои ве очекуваат. Една од најубавите глетки во Патагонија е прекрасниот глечер Перито Морено.

Неверојатно количество мраз опкружено со бескрајна шума привлекува огромен број туристи кои сакаат да го видат чудото кое се смета за осмо светско чудо. Перито Морено е еден од најголемите извори на вода за пиење.

Огромни блокови од сино-бел мраз се уриваат во езерото Аргентино на секои две до четири години, предизвикувајќи силен удар и неверојатни бранови на површината на езерото, што ја прави глетката незаборавна.

Драматичното шоу го гледаат оние кои имаат најмногу среќа, а настапот започнува во март. Перито Морено е единствениот глечер што расте, не се намалува како другите, но научниците сè уште не знаат што го предизвикува.