Во кој и земјен знак да се наоѓа Венера, секогаш постои чувството дека нешто треба, или мора да се направи.
Венера е планета на страста, љубовта, убавината и сѐ што не облагородува и нè прави среќни.
Едноставно повеќе ќе ги анализираме сопствените емоционални односи и ќе имаме потреба да ја разгледуваме ситуацијата од повеќе агли.
Нема да можеме да простиме некои работи што не нè радуваат. Венера ќе биде активна и ќе сака слобода, да се покаже во нејзино светло, каде природно сака да флертува и шармира. Оваа желба ќе биде засилена со нејзиниот тригон со Уран од Бик.
Внимавајте Марс во Близнаци ќе биде проблем! Затоа, мора да избегнуваме изневерување и флертување. Ова може да биде клучно за некои емоционални врски. Нашите љубовни партнери знаат да бидат премногу аналитички настроени и да го следат, а и уловат секој наш погрешен чекор!
Тие ќе бараат од нас не само да бидеме шармантни и убави, туку и интелигентни. Значи, ќе добиваме сметка за секој изговорен збор, почесто од порано. Одржувајте ги ветувањата и бидете хумани.
Оваа Венера тоа го бара од нас. Меркур само ќе го засили сето горенаведено. Се грижиме повеќе за другите, не само за себе. Време е да ја покажеме нашата благородност и да не се ставаме себеси на прво место. Многумина ќе ги насочат своите интереси кон работата и ќе се обидат добро да се забавуваат во својата работна средина. Многумина ќе се заљубат и во некој кој е поврзан со нивната работа.
Во овој период мора да покажеме поголем интерес кога е во прашање здравјето и да ги решаваме проблемите доколку ги има.
Девицата, Бикот, Јарецот и Рибите можат да очекуваат добри моменти и придобивки од овој транзит на Венера.
- Девица
Можноста за реализација на бизнис план. На поле на емоции – добар период. Можност да запознаете интересна личност на деловен состанок, или личност тесно поврзана со вашето секојдневие. Убави моменти кога се во прашање емоциите.
- Бик
Решавање на проблеми кога се во прашање финансиите. Ќе бидете задоволни од работата и кариерата. Можност за нови идеи, или решавање на нешто што ви тежело.
- Јарец
Ќе се чувствувате добро. Време е да земете здив. Задоволни сте и исполнети со емоции. Стабилност на многу полиња.
- Риби
Оваа Венера ќе разбуди некои емоции. Можност за влегување во убава врска. За секој што планира да отпочне заеднички живот со партнерот, или да го прошири семејството, ова е добар период.