Чудо на висина од 550 метри: Џиновски прстен околу највисоката зграда на светот

popara6 септември, 20221min00
62372425

Најмус Чаудри и Нилс Ремес од архитектонската фирма Знера Спејс дизајнираа концепт кој значително ќе го промени хоризонтот на Дубаи. Проектот Downtown Circle вклучува прстен висок 550 метри кој би ја опколил највисоката зграда во светот – Бурџ Калифа.

Downtown Circle е замислен како супер ефикасен и самоодржлив урбан центар кој ќе се протега на пет ката и ќе го промени начинот на кој луѓето живеат и функционираат во затворени заедници или во облакодери.

Џиновски прстен со пречник од три километри би вклучувал станбени единици, деловни простории, угостителски објекти, но и културни места. Прстенот би содржи и зелен појас наречен Skypark кој би ги поврзувал катовите.

Skypark ќе им овозможи на посетителите да искусат различни екосистеми на едно место – од песочни дини и мочуришта до водопади, тропска вегетација и друго бујно зеленило. Тоа би претставувало еден вид „бели дробови“ на центарот на Дубаи.

Кругот во центарот на градот ќе вклучува и места за собирање дождовница, генерирање енергија преку соларни панели, но филтрирање на загадувањето од воздухот.

Во соработка со полската компанија Pictown, Znera Space дизајнираше и начин за поврзување на овој монументален простор во центарот на Дубаи. Од надворешната страна на прстенот патниците би се превезувале со трамвај со околу 20 пространи капсули кои би се движеле со брзина од 100 километри на час, а кои би пружале спектакуларен поглед на градот од 360 степени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma