ХОРОСКОП ЗА 8-МИ СЕПТЕМВРИ: Близнаците во хаос, а Девиците да внимаваат со парите!

popara8 септември, 20221min00
15b436bab147a36077d3a4edd76d5ff7af9fbab2

ОВЕН

Денот го одбележаа непријатност на работа. Негативната енергија која се акумулирала подолго време ја прелива чашата и вашето трпение е при крај. Мала причина ќе биде доволна за да го расчистите целиот хаос со потег кој за многумина околу вас ќе биде несфатлив.

БИК

Иако сте свесни за тешкотијата на финансиската ситуација, тоа не ве спречува да ја искористите целата своја креативност и да потрошите некоја сума пари на мали задоволства кои ќе ги споделите со драги луѓе. Тоа е единствениот начин да се расположите денес.

БЛИЗНАЦИ

Околу вас се натрупува хаос, а вие немате малку контрола над него. Стагнирате на местото каде што сте се нашле, но не губете надеж. Сето ова што се случува денес, во суштина, отвора поволни можности за кои веќе, некаде во себе, имате силно чувство.

РАК

Сомнежот ве мачи, па градите ѕидови околу себе. Наместо љубомора, приберете се и вратете си ја самодовербата. Партнерот ќе ве награди повеќекратно, а вие ќе најдете нова љубов во себе, онаа за која мислевте дека не постои. Верувајте во себе и ќе успеете.

ЛАВ

Нетактични сте и не можете да воспоставите комуникација и на работа и во љубов. Ако ги одложите состаноците и напорните активности, ќе избегнете да се нервирате. Без разлика на тоа колку сте посветени и одговорни, време е да се одморите.

ДЕВИЦА

Полни сте со разбирање за другите луѓе, сепак, бидете внимателни бидејќи ве следат предизвикувачки понуди во кои некој ви ветува голема финансиска добивка. Внимавајте со парите денес, бидејќи ако брзате, коцките ќе паднат токму онаму каде што најмалку очекувате.

ВАГА

Гласот од заборавен пријател од минатото ви го разубавува денот. Се што планиравте за денес одложете и часовите поминете ги во лежерно дружење. Таа личност на некој начин ги навестува промените кои ќе ви дојдат во наредниот период.

ШКОРПИЈА

Добивате подарок од партнерот. Одлично време е привремено да ги закопате секирите и да размислите како да ги решите вашите недоразбирања. Доколку ја пропуштите оваа можност, долго ќе чекате нова. Бидете внимателни на улица, особено во сообраќајот.

СТРЕЛЕЦ

Изложени сте на непријатности. Ако продолжите да одбивате да ја прифатите новата ситуација, работите ќе ги влошите. Дополнително, очекувајте компликации со службениците, па советот е се што правите да е законски исправно.

ЈАРЕЦ

Пред вас е ден во кој ќе се борите помеѓу тоа да бидете покорни и да им угодувате на сите, и потребата да реагирате жестоко, поттикната од критиките што би сакале да им ги упатите на другите. Резултатот од сето тоа е голем замор кој ќе ве совлада во текот на вечерта.

ВОДОЛИЈА

Можете да сметате на големата поддршка од пријателите и колегите, бидејќи во изминатиот период тоа сте го заработиле од нив со вашата посветеност и пожртвуваност. Од вас се очекува да потпишете договор кој ќе ја одведе вашата кариера во друга насока.

РИБА

Транзитите ви носат шанса конечно на најдобар можен начин да ги претставите вашите идеи кои досега беа погрешно разбрани и да ја добиете поддршката од соработниците од кои најмалку сте очекувале. Пазете се од повреди, а особено внимавајте во сообраќајот.