Зеленото срце на Германија: Регионот на писатели и поети, кој го краси пешачка патека долга 170 километри

popara10 септември, 20221min00
62374739

Дури четвртина од неговата површина е заштитена, а осум области уживаат посебен статус. Таму е најпознатата и најстарата пешачка патека во Германија, долга дури 170 километри, т.н. Ренштајг и националниот парк Хаинич…

Тирингија е провинција во централниот дел на Германија чиј главен град е Ерфурт. Иако е дел од земјата кој е познат по својата богата историја и култура, шуми и природа, и дури 16 локации кои имаат статус на светско наследство на УНЕСКО – изненадува тоа што многу луѓе никогаш не ни слушнале за оваа прекрасна провинција. Па, да ја исправиме оваа неправда и можеби Тирингија ќе стане вашата следна дестинација.

62374737
62374738
62374739 (1)
62374741
62374742
62374743

Тирингија ја носи титулата лулка на Баухаус, уметноста на изградба на домови која има големо влијание врз модерната архитектура во текот на 20-тиот век.

Иако идејата за комбинирање на уметноста и индустриското производство се појавила во Англија, таа официјално се родила и се материјализирала благодарение на архитектот Валтер Гропиус, кој во 1919 година основал уметничко училиште во Вајмар – град во сојузната покраина Тирингија.

Уште пред тоа, Тирингија била позната како мека за уметници, писатели, поети и филозофи. Кон крајот на 18-тиот и почетокот на 19-тиот век ги привлекува најголемите германски умови, од Гете до Шилер до Ниче, поради што често се нарекувала центар на европската култура. Преовладувала космополитска атмосфера, дух на хуманизам и високи образовни стандарди.

Tiringija, Njemačka - 4

Големци доаѓале овде за инспирација и друштво кое ќе ги разбере, а секако уживале во прекрасната природа со која се гордее Тирингија. Дури четвртина од нејзината површина е заштитена, а осум области уживаат посебен статус.

Таму е најпознатата и најстарата пешачка патека во Германија, долга дури 170 километри, т.н. Ренштајг и националниот парк Хаиних, каде што исклучително популарна прошетката наречена Canopy Walk.

За крај, што би била Германија без нејзините прекрасни замоци? Дури 60 прекрасни градби се расфрлани низ регионот. Некои од нив се веќе стари и останале само урнатини, додека некои блескаат во својот полн сјај, како замокот Вартбург каде Мартин Лутер Кинг го превел Новиот завет на германски.

Бројни замоци и палати денес функционираат како хотели, ресторани и популарни салони за венчавки, па доколку одлучите да го продолжите престојот, сигурно ќе имате многу опции.