Познатата манекенка поднела документи за развод: Најтешко ѝ е што нејзиниот син ќе биде дете на разведени родители

popara11 септември, 20221min00
345084_emili-ratajkovski_ff

Познатата манекенка Емили Ратајковски решила да направи радикален потег откако сфатила дека нејзината љубовна врска со Себастијан Бурк МекКлерд ѝ дошол крај.

Пред околу два месеци таа зборуваше за тоа дека двајцата имаат проблеми во бракот, а сега е и официјално – се разведуваат.

Емили ги поднела сите потребни документи за развод во Врховниот суд на Њујорк на 8 септември и сега чека да започне процесот.

Она што ѝ тежи е тоа што нејзиниот син ќе биде дете на разведени родители, пренесуваат странските портали.

– Многу ѝ е тешко, но се труди да остане позитивна – тврди извор близок до манекенката.

По четири години љубов, парот сфатил дека е подобро секој да тргне по својот пат.

– Веќе поминаа неколку недели откако ја донесе оваа одлука. Сè оди постепено, на свој начин, но не и е лесно – додал изворот.

Да посетиме, се венчаа во 2018 година, а пред нешто повеќе од една година добија син.