„Мислеше дека сум ЛУДА“: Актерката откри дека чекала ШЕСТ години за да и се оствари ЗАБРАНЕТАТА љубов

popara11 септември, 20221min00
Screenshot_6-7

Глобално популарната актерка има необична љубовна приказна

Актерката Лиса Кудроу, најпозната по улогата на Фиби во „Пријатели“, еден ден ја запознала љубовта на својот живот, но морала да чека шест години за да бидат заедно.

Лиса Кудроу студирала психобиологија и имала намера да се занимава со научноистражувачка работа. Инспирирана од пријателот на нејзиниот брат, таа решила да се испроба во актерството. Исто така, пред светот да го дознае нејзиното име, го доживеала она што тогаш било невозможна љубов – се заљубила во момчето на својата цимерка.

Лиса го запознала Мишел Стерн, директор за рекламирање од Франција, но тој се забавувал со нејзината тогашна цимерка. Иако тоа било љубов на прв поглед, Лиса ги криела чувствата од почит кон својата пријателка.

-Кога го видов си помислив „Па, тој е совршен“, но се е уништено бидејќи тие двајца се заедно и не можам ништо – изјави таа во една прилика.

-Кога ќе дојдеше да ја земе, ќе речеше „Ах, здраво Лиса“, а јас само ќе одговорев „Здраво“ и ќе ја напуштев собата. Мислеше дека сум луда – додава таа.

Но, тогаш сè се променило. Цимерката на Лиса и Мишел раскинале два месеци подоцна. Меѓутоа, судбината сакала тие двајца да се сретнат шест години подоцна на роденденска забава на нејзина пријателка. И никогаш повеќе да не се разделат.

Одлучија својата љубов да ја крунисаат со брак на 27-ми мај 1995 година, а три години подоцна го добија синот Џулијан Марио.

По 26 години нивниот брак се уште е силен бидејќи од самиот почеток поставиле цврсти темели.

– Кога решивме да се венчаме, не си ветивме дека ќе се сакаме засекогаш затоа што тоа не може, туку ветивме дека заедно ќе ги поминеме сите проблеми што се појавуваат. Посветени сме на тоа нашиот брак да функционира – вели таа.

Покрај тоа, Лиса исто така призна дека нејзината тајна за успешен брак е независноста.

-Ние си ја почитуваме независноста, а тоа не го велам како еуфемизам, не мислам да имаме врски надвор од бракот. На пример, јас не сакам да патувам, но ако тој сака да оди на голф – нека оди. Мислам дека проблемите започнуваат кога паровите претпоставуваат дека се едно, синхронизирани во сè. Бракот е како да се биде во тим. Вие сте различни, но имате иста цел.