Заборавивте да го извадите МЕСОТО од замрзнувач: Три начини да го одмрзнете за неколку минути

popara11 септември, 20221min00
Meso1

Не треба долго да чекате

На сите им се случило да планираат совршен ручек кој вклучува месо, но во брзање забораваат да ја извадат главната состојка од замрзнувачот.

Користењето замрзнато месо за подготовка на храна дефинитивно ќе остави трага на вкусот на храната, а освен тоа, можно е да не се свари добро, односно да изгори однадвор и да остане живо одвнатре.

Исклучок е само варењето, односно обарувањето на месото, кога ќе биде потребно малку повеќе време целосно да се свари, но ќе бидете сигурни дека не е оставено сирово.

Црвеното месо и живината никогаш не треба да се одмрзнуваат на собна температура, иако многу луѓе го прават тоа. Најздрав начин е одмрзнување во фрижидер. Едноставно извадете го месото од фолијата или пакувањето, ставете го на чинија и оставете го во фрижидер, по можност преку ноќ, за да може месото да го ослободи вишокот вода и полека да се одмрзне.

Меѓутоа, ако сте го заборавиле, можете да испробате некои од следниве трикови:

Ладна вода

Ставете го месото во кеса, а потоа во сад со вода и оставете го околу половина час, во зависност од големината на парчето месо. Како и со одмрзнувањето во фрижидер, каде што исто така е ладно, има помали шанси да се развијат бактерии бидејќи е во ладна вода. Разликата е во тоа што месото ќе се одмрзне многу побрзо под млаз ладна вода отколку во фрижидер.

За половина килограм месо ќе ви треба околу еден час. Ако го ставите во млака вода, процесот ќе биде малку побрз.

Микробранова печка

Одмрзнувањето на месото во микробранова печка е најбрзиот начин, но не се препорачува доколку не сте сигурни за моќта на вашата микробранова печка. Ако го вклучите на прејака програма, можно е месото да се свари на површината, а во внатрешноста да остане сирово. Исто така, можно е да не се одмрзне рамномерно.

Може да пробате пониска температура и пократко времетраење. Пред да ја вклучите микробрановата, извадете го месото од пакувањето и ставете го на чинија.

Шеќер

Трикот за кој многумина тврдат дека делува вклучува истурање на малку шеќер во садот во кој сте полиле топла вода и сте го ставиле замрзнатото месо. Како што е наведено, месото ќе биде подготвено за готвење за десет минути. Уште повеќе, се тврди дека шеќерот го подобрува вкусот на месото.