ПРОШИРЕНИ ВЕНИ: Како се појавуваат и што може да ви помогне

popara11 септември, 20221min00
shutterstock_155157980-1980

Ако спаѓате во групата на жени кои имаат проблеми со проширени вени, сигурно знаете колку можат да бидат болни.

Потребно е време за да се реши овој проблем. Во зависност од тоа во колку години сте ги добиле, како и која е главната причина за проширени вени, зависи и самиот метод на лекување.

Кои се најчестите причини за проширени вени?

Како и кај сите видови на болести, генетиката игра значајна улога. Ако некој ваш близок во семејството веќе имал проблем со видливи капилари на нозете, големи се шансите да ги имате и вие.

Избегнувајте тесна и неудобна облека

Покрај генетиката, показател за појавата на проширени вени може да биде и бременоста, па затоа не е чудно што голем број трудници првпат се среќаваат со овој медицински проблем. Најчесто тоа се случува затоа што волуменот на крвта кај жените се зголемува за време на бременоста, па вените стануваат поизразени. Во зависност од тоа колку се изразени вените, зависи и самиот третман. На бремените жени најчесто им се дава да носат т.н компресивни чорапи ако навистина е потребно.

Дури и жените кои активно се занимаваат со некој вид спорт не го избегнуваат проблемот со проширени вени.

Како да се избегне или олесни појавата на проширени вени?

Доколку имате ризик да добиете проширени вени или веќе имате проблем со нив, еве на што треба да внимавате. Прво, треба да избегнувате подолго стоење или седење колку што е можно. Исто така треба да се избегнуваат и сауните бидејќи топлината во нив ги шири крвните садови, што не е добро за вените.

Секогаш кога е можно, одморете се со подигнување на нозете за да ја подобрите циркулацијата. Исто така, лекарите често препорачуваат пешачење како полесна форма на физичка активност.