
Замокот се простира на приближно 3.700 квадратни метри и има повеќе од седумдесет соби, вклучувајќи сала за бал, оружарница, соба за билијард и библиотека…
Малку повеќе од еден час оддалеченa од Голвеј, градот на западниот брег на Ирска е една од најпрекрасните туристички атракции во Ирска. „Kylemore Abbey“ е бенедиктински манастир чија приказна започнала со Мичел Хенри, богат бизнисмен и политичар кој изградил имот за својата сопруга во 19-ти век.
Замокот се простира на приближно 3.700 квадратни метри и има повеќе од седумдесет соби, вклучувајќи сала за танц, оружарница, соба за билијард и библиотека. Богатиот сопственик оставил зад себе готска црква и семеен мавзолеј каде почива со сопругата и другите членови на семејството.





Денес, Кајлемор е во сопственост и управуван од Бенедиктинци кои живеат таму од 1920 година. Манастирот е основан од Бенедиктинци кои избегале од Белгија за време на Првата светска војна и нашле засолниште таму. Покрај разгледувањето на прекрасните ѕидини и внатрешност, опатијата Кајлемор е туристичка атракција поради нереалниот мир што го нуди прошетката низ шумата со поглед на езерото и прекрасната викторијанска градина со ѕидови.
Иако изгледа како да припаѓа на некое минато време, манастирот има доволно содржини да им понуди на своите гости: од тури кои се организираат три пати на ден, при кои љубопитните можат да дознаат повеќе за возбудливото минато, до пиење кафе и други пијалоци во градината, како и шопинг во продавница каде што можете да добиете некаков спомен за посета на бајковитата ирска градба – како што се насликани чаши и чинии, фин мед, домашни мармалади… Рачно изработеното чоколадо создадено од Бенедиктинците исто така може да послужи како убав подарок и потсетник за патувањето.