Секс, како и да е!

popara30 јули, 20111min00
Sex-public-011

Некои можеби ќе речат дека највозбудливиот и најдобар секс мора обавeзно да се базира на настраност и поместување востановени граници, сепак добриот секс го прави 90% исчекување и 10% самиот чин.

Одличниот секс подразбира ослободување на тензијата која внимателно е градена и создавана. Сексот може да се случи и меѓу пријатели кои се знаат со години и со некој кој го познавате само 10 мин.

Станува збор за хемија и суптилна реализација. Секојa минутa поминатa заедно, создавате ментална и духовна предигра, а тензијата само се зголемува.

Секс за смирување

Овој вид секс е одлично ослободување од напнатост после жестока кавга. Тоа е еден вид на човечки мазохизам: емотивната болка поткрепена со аргументи се лечи со помош на секс. Некои партнери се караат помеѓу себе само за потоа да имаат одличен секс.

Секс за една вечер

Овој вид на секс може да го споредиме со фаст фуд. Додека тоа го правите, ќе ви биде одлично, но потоа ќе се чувствувате лошо. Шемата од секс за една вечер може да ви го напумпа егото, но секако ќе останете подеднакво гладни и со него, како што сте биле и пред тоа.

Ризичен секс

Сексот на необични, фрекфентни места (канцеларија, јавен тоалет, влез од зграда) може да биде многу возбудлив, со самото тоа што цело време имате на ум дека може да бидете фатени. Во ваков секс повеќе уживаат жените, додека на најголем број мажи и самиот секс, докажувањето во него, им е напор, така да овој вид секс често го избегнуваат како непотребен додатен напор.

Спонтан секс

Тоа е оној момент кога до секунда пред тоа не ви паѓало на ум да имате секс, за веќе следната секунда да си паднете  во прегратка, без разлика каде сте! Во таков случај, се занемарува фактот за ризичен секс. Едноставно, не размислувате дали може да бидете начекани!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma