Пилешкото може да се подготви на неколку начини, а маринадата ви дава можност целосно да го промените неговиот вкус.
СОСТОЈКИ:
- 1 лажица маслиново масло
- 1 чаша грчки јогурт
- 1 лимон – исцеден сок и рендана кора
- 1 лажица чили во прав
- 2 лажички ким
- 1 лажица лук во прав
- ½ лажичка кари во прав
- 1 лажичка сол
- ½ лажичка свежо мелен црн пипер
- 4 парчиња пилешко (батак и карабатак)
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 250 степени. Покријте го плехот со алуминиумска фолија и испрскајте го со спреј против лепење. Во сад со средна големина измешајте маслиново масло, јогурт, сок и кора од лимон, чили во прав, ким, лук во прав, кари, сол и бибер. Сè добро измешајте.
Ставете го пилешкото на сад за печење и обилно покријте го секое парче со подготвената маринада. Ставете во рерна и печете додека не порумени, околу 35 минути. Послужете додека е топло.