Доколку спиете по помалку од 6 часа дневно, за само една недела ќе ги осетите негативните последици по вашето здравје, ќе ви опадне имунитетот, а ќе ви се зголеми желбата за внесување на јаглехидрати и поголем број калории.
Следствено на тоа ќе ви се намали и моќта за концентрирање и памтење, а поради лишувањето од сон ќе се зголеми појавата на агресивни испади, негативно размислување и нервоза, велат заклучоците од спроведеното истражување на британскиот универзитет во Сари.
Секој осми човек на планетава, спие по помалку од шест часа навечер, а лошиот сон влијае на повеќе од 700 различни гени.
Доколку го нарушите сонот, вие преку тоа го нарушувате целокупното функционирање на организмот. Иако телото може да се приспособи на помалку спиење, помалку од 6 часа сон дневно е крајно нездраво и предизвикува голем број болести, смета лидерот на истражувањето Дерк Јан Дијк.