popara30 јули, 20111min00
VEZUV

Судбинскиот рид над Неопол  

Дали е Неапол убав град? Доколку убаво се размисли, одговорот би бил не. Гладајќи од поблиску, Неапол не се истакнува како град со историски или модерни обележја. Доколку човек поминува низ некоја од потесните и помалите улици, ќе го сфати значењето на изреката: “Да го видиш Неапол, па да умреш“. Karl Baedeker, со огромна посветеност, го истражувал ова место, со цел да ги опише уметниките вредности на Неапол. Меѓутоа, едниствено место на кое што наидел бил Националниот музеј. Но, се поставува прашањето, зошто Неапол, како ниту еден друг град, толку често е опишуван и опеан во голем број на песни? “Положбата и околината на овој град претставуваат нешто најубаво во целиот свет. Со својата положба на широкиот заоблен залив пред клисурата во Везув, Неапол се претвара во прекрасен град“, имаше запишано Baedeker.

Везув, судбоносниот рид над Неапол, претставува латентна опасност за целиот залив – Goethe го опиша со следните зборови: “Стоевме на прозорот на горниот кат, а Везув беше веднаш пред нас, сонцето веќе беше зајдено, а лавата која течеше и пламенот што се појавуваше го осветлуваа целиот рид. Од таму, па се до морето, една единствена линија на жар се гледаше“.Последна ерупција беше во 1944 година и одтогаш мирува. Дури ни вообичаениот облак на дим не може да се види над 1.267 метри високиот вулкански кратер. Но, само жителите на заливот, над чија што сигурност бдее Везув, знаат колку е овој мир непроценлив. Веќе еднаш имале поверувано дека вулканот е одамна изгасен – тоа биле годините после раѓањето на Исус. Но, на 29 август 79 година, се случила катастрофа.

Пропратено со дожд, ерупцијата на Везув, се случила рано наутро. Огромна количина на вжарен пепел споен со дожд создале порој од кал, кој што го уништил римскиот град Херкуланеумот. Куќите исчезнал под слој висок над 20 метри. Малиот град Помпеја – со околу 20.000 до 30.000 жители – беше исто така прекриен со камења и пепел, како и градот Стабиј. Било бесмислено, да се преземе било што. После тоа, Помпеј, Херкуланеумот и Стабиј, постепено беа заборавени. Дури 1700 години после катастрофата затрупаните градови повторно станаа интересни – првенствено за аматерите археолози. Најпрво беа истражувани одредени локации, а плански се започнало со ископување од 1860 година.

Тогаш, биле пронајдени небројни сведоштва за човековата трагедија, биле пронајдени коски од луѓе кои починале од гушење, биле пронајдени деца, врзани робови. Се започнало со ископување на дел по дел од градот. Куќи и храмови, гостилници и библиотеки, палати и театри – беа откриени сите скриени тајни за тоа како жителите на еден мал град живееле.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag