
Оскаровката Кејт Винслет пред неколку дена пристигна во Хрватска, каде што снима нов филм. Сепак, таа денеска заврши во болницата во Дубровник поради повреда на сетот.
Познатата Британка пристигнала со црно комбе во болницата, додека била придружувана од неколку лица.
Прво била забележана на Ургентниот унифициран болнички прием, а потоа отишла на задниот влез од болницата.
Како што објави Dubrovnik Daily, кој исто така сподели фотографии од актерката, Винслет ја повредила ногата.
Ова се нејзините први фотографии направени во Хрватска откако се знаеше дека актерката ќе снима филм во близина на оваа туристичка дестинација.
Точната локација на снимањето е всушност во Купари, каде дел од кадрите ќе бидат снимени меѓу урнатините на стариот хотел Гранд од 1991 година.
На сетот со Винслет се актерите Џуд Ло и Марион Котијар, а станува збор за филм чија приказна се врти околу Леа Милер, легендарната воена фотографка на магазинот „Вог“, која е портретирана од Кејт.