
Доколку редовно го чистите домот, долгорочно гледано, ќе имате значително помалку работа. Некои работи е поедноставно да ги чистите секој ден, а добрата страна на тоа е што домот секогаш ќе ви блеска. Покрај тоа, секојдневното чистење нема да ви одзема многу време.
Овој распоред можеби ќе ви помогне подобро да се организирате во чистењето и одржувањето на домот:
- Секојдневно чистење
Секој ден би требало да го раскревате креветот, да ги миете садовите, да ја бришете трпезариската маса и работните површини во кујната. Ако има потреба, секојдневно треба да ја перете облеката, да ги пребришете површините во бањата и да ги чистите мијалникот и кадата.
- Неделно чистење
Неколку пати неделно би требало да ги бришете подовите во домот, огледалата, прашината од мебелот и да вклучите правосмукалка, да ја менувате постелнината, да ја чистите рерната и да го замените сунѓерчето за миење садови.
- Месечно чистење
Неколку пати месечно би требало да ги чистите вентилаторите и вентилациските отвори, да ги исперете завесите и да ги исчистите машините за миење садови и перење алишта.
На секои 3 до 6 месеци би требало да ја исчистите внатрешноста на фрижидерот, да ги исперете завесите од бањата, да исчистите под и зад мебелот, да ги исперете перниците и да ја исчистите прашината од душеците. Исто така треба да ги исчистите и прозорците.
- Годишно чистење
Чистење на оџакот и печката на дрва, како и перење на теписите.
Секојдневното чистење и одржување на домот ќе ви заштеди време на долгорочно ниво, а добрата работа кај неделното чистење, односно месечното е што не морате сите работи да ги чистите во ист ден.