ДОКОЛКУ САКАТЕ ДА ИЗГЛЕДАТЕ ПОМЛАДО, НЕ СЕ ФАРБАЈТЕ ВО ОВАА БОЈА! Важна е и должината, а фризерка детално ја објасни финтата!

popara24 септември, 20221min00
Frizer

Фризерка откри како бојата на косата може да ве подмлади!

Жените на одредена возраст, најчесто по 40-тите, наидуваат на видливи промени во стареењето, што е природно. Сепак, редовната грижа за себе не е само важна за вашето здравје, туку може и да ви „одземе“ години.

Фризерка од Велика Британија откри како да изгледате помладо со правилен избор на боја на коса. Така, нијансите што ви одговарале во помладите години, во 20-тите или 30-тите години, можат да направат да изгледате постаро во подоцнежните години.

“Во однос на бојата, секогаш предлагам да изберете нијанса или две посветли ако сакате да изгледате помладо. Во спротивно, потемната коса ќе дојде до израз и ќе ви додаде неколку години”, објасни фризерката.

Финтата се крие во тоа што со возраста кожата, поточно нејзиниот површински слој, епидермисот се разредува и на крајот станува потенка, побледа и донекаде проѕирна. Кога на сето тоа ќе додадете чоколадни и потемни нијанси на коса, кожата на лицето ќе дојде до израз. Затоа фризерката предложи при бојадисувањето да комбинирате неколку посветли нијанси, како и прамени околу самото лице. На тој начин ќе изгледате многу „посвежо“ и помладо. И на крај објаснила која точно фризура ја „намалува“ возраста.

„Вообичаено е постарите жени да се одлучат за пократка фризура, но ако се чувствувате привлечно со долга коса, нема потреба да ја потстрижувате.

Затоа, освен идеалната боја за вашите години, како и фризурата, најважно е да се чувствувате добро во вашата кожа, да се храните здраво и да користите квалитетни производи за коса.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma