
Викторија Бекам не може да поверува дека нејзиниот син Бруклин се оженил со толку „опасна“ жена, тврдат извори блиски до модната дизајнерка.
Викторија Бекам (48) се појави за прв пат откако на виделина излезе нејзината расправија со снаата. Модната дизајнерка е видена со сопругот Дејвид Бекам на ноќно излегување со пријателите.
Викторија не сакала да им каже ниту збор на папарацо фотографите за односот со нејзината снаа Никола Пелц. Но, добро упатени извори за Дејли Мејл изјавиле дека дизајнерката била шокирана од постојаното „дополнување“ на измислените факти од страна на Никола околу нивната наводна кавга.

Имено, во едно неодамнешно интервју, Никола изјави дека нејзината свекрва Викторија Бекам и понудила да и ја дизајнира венчаницата, за да ја повлече понудата пред свршувачката. Затоа, богатата наследничка на свадбата со Бруклин Бекам носеше венчаница на Валентино, иако навистина сакала свекрвата да и го дизајнира фустанот.
Иако била воодушевена од можноста да облече фустан на свекрвата, Викторија наводно не и се јавувала денови пред венчавката, што ја принудило младата Никола да бара венчаница кај други дизајнери.

Се чини дека дошло до недоразбирање и потенцијална кавга помеѓу Викторија и мајката на Никола.
„Ја барав да почнеме да го дизајнираме фустанот, а потоа поминаа неколку дена без воопшто да се слушнеме. Тогаш Викторија и се јави на мајка ми да и каже дека нема да може да го направи фустанот“, изјави Никола.



Тогаш Бруклин одлучил да и даде до знаење на мајка му Викторија дека неговата сопруга е на прво место и дека е негов приоритет број еден.