Сите сакаме слатка храна, но не сме свесни како шеќерот е голем непријател на нашето здравје. Откако ќе го исфрлите од исхраната, ќе забележите многу промени.
Природните шеќери кои се наоѓаат во овошјето, млекото и останатите намирници ви се потребни, одлични се за вашето здравје и може да ги внесувате во поголеми количини.
Рафнираните шеќери се голема опасност. Доколку ги исфрлите од исхраната ќе забележите промени во вашето тело, а лесно ќе ги замените со мед, стевиа или јаворов сируп.
Што се случува по 1 недела?
Откако ќе престанете да консумирате шеќер на една недела, во вашето тело ќе се случи една од овие две работи.
Ако претходно претерувавте со сокови, газирани пијалаци и шеќери, ќе бидете во фаза на детоксикација.
Ако претходно внесувавте умерен внес на шеќери, а сега се префрливте на исхрана богата со протеини, влакна и здрави масти, по седум дена ќе почнете да се чувствувате многу поубаво.
Ќе добиете многу енергија, а ќе се поправи и вашето расположение.