На секоја домаќинка и се потребни кујнски крпи за бршишење садови, за дофатување на топли садови од шпоретот, за бришење прашина… Меѓутоа, тие со текот на времето се здобиваат со дамки кои колку и да перете, тие не излегуваат..
Па така, крпите добиваат изглед на стари, потемнети и со дамки, па иако тукушто сте ги испрале, тие сè уште се чинат за нечисти. Нашите баби секогаш имаа беспрекорно чисти кујнски крпи, но тие го познаваа стариот метод за нивно перење. Нашите баби познаваа голем број мудроштини со кои ефикасно ги решаваа сите проблеми во кујната.
Некои од тие трикови се навистина доста необични. На пример, како овој рецепт кој сега ќе ви го откриеме, каде меѓу другите состојки кои се користат за отстранување на масните дамки од крпите, се користи токму масло за готвење. Необично, зар не?
Иако маслото само по себе може само да нанесе ште-та, односно да предизвика трајна дамка на ткаенината, овојпат, во комбинација со други компоненти ја дава потребната реакција и се добива нов производ кој совршено ги чисти нечистотиите и закоравените масни дамки.
Потребни состојки: големо тенџере (лонец од 10 литри), 2 супени лажици сончогледово масло за готвење, 4 супени лажици избелувач, 1/2 чаша од било кој прашок за перење алишта (обична чаша за вода од 200 мл) и валкани кујнски крпи.
Постапка: Загрејте ја водата во тенџерето, па откако ќе зоврие исклучете ја ринглата. Во водата додајте го сончогледовото масло. потоа додајте го избелувачот и прашокот за алишта. Промешајте ги сите состојки и во тој топол раствор додајте ги валканите кујнски крпи.
Поклопете го тенџерето и оставете ги внатре крпите да се киснат сè додека водата да се олади. Потоа можете да ги извадите крпите и да ги исперете на вообичаен начин, но уште подобро би било доколку ги извадите од таа течност и ги префрлите во леген полн со чиста вода.
Во оваа вода оставете ги да киснат уште неколку часа. Резултатот ќе биде извонреден и нема да ве разочара. Ќе исчезнат и упорните, тврдокорни, стари дамки. Овој метод е особено добар, затоа што нечистотијата ја отстранува без долго варење и непријатни испарувања, што е вообичаена пракса за ваквите случаи.
Ова се некои од начините за отстранување на дамките од кујнски крпи: На овој начин крпите пак ќе ви бидат како нови без ниедна масна дамка на нив
СОЛ
Наполнете леген со ладна вода и ставете сол во неа. На 5 литри ставете 5 супени лажици сол. Промешајте и ставете ги внатре валканите крпи. Ако се многу валкани, оставете да преноќат, а ако не се, доволно е 1-2 часа киснење. После исперете ги на вообичаен начин. Крпите ќе бидат почисти отколку кога користите избелувач.
ДЕТЕРГЕНТ ЗА САДОВИ
На сличен начин кујнските крпи се потопуваат со детергент за садови. Земете малку детергент, ставете во топла вода и потопете ги валканите суви крпи во тој раствор на 15-20 минути. Потоа слободно исперете ги во машина за алишта, на вообичаен начин. На овој начин ефикасно ќе се елими-нираат масните дамки од кујнските крпи.
ОЦЕТ
Ако на вашите крпи по некоја случајност се појавила мувла, треба да се исперат на вообичаен начин, а потоа да се исперат во раствор од вода и ал-кохолна киселина. Не грижете се за бојата, оцетот не е опасен за здравјето. Секако, нема потреба да ги оставате крпите на подолго време во овој раствор.
Крпите ви се смрдливи и со дамки после перењето? Еве што треба да направите!
Кујната не е можно да са замисли без кујнски крпи, а кои неретко се валкани и смрдливи. Ако не се грижите за хигиената на кујнските крпи, постои голема веројатност дека ќе си го загрозите здравјето.
Во продолжение можете да прочитате едноставни совети кои ќе ви помогнат во чистењето и одржувањето на кујнските крпи:
Пред сè, погрижете се пред првата употреба крпите да ги исперете со добар детергент, бидејќи на нив има хемиски остатоци и бацили кои се налепени при производството, боењето и пакувањето. Одберете детергент кој има антимикробни додатоци. Не само што на тој начин ќе спречите создавање на мувла, туку и крпите ќе мирисаат подобро.
Добар трик за целосно да ги исчистите крпите и да ги елиминирате спорите од микроорганизмите, е да ги извртите во микробранова печка во времетраење од 30 секунди. Така ќе ги у биете сите несакани микроорганизми.
Штом ќе ги исперете, крпите ставете ги на сушење. Никогаш не ги оставајте да стојат влажни во машината или умивалникот, бидејќи на тој начин им овозможувате развој на микроорганизмите.
По можност, секогаш купувајте 100% памучни, бели крпи. Можеби на нив ќе се забележува нечистотија, ама поедноставно се одржуваат. Освен тоа, бојата со текот на времето ќе избели и нема да изгледаат ново.
Во машината перете ги посебно, на висока температура. Потоа можете да користете избелувач за да ги отстраните несаканите мириси. Како замена за избелувач, добри се ал-кохолната киселина или сода бикарбоната, само внимавајте никогаш да не ги користите истовремено.