
Не морате да го купите баш секое средство за чистење кое ви се нуди во продавниците.
Претставени се два рецепти – еден е домашно средство за чистење прозорци, а другата течност отстранува бигор и нечистотија од туш кабината. И двете можат да се направат многу едноставно.
Се работи за мешавина од алкохолен оцет и течност за миење садови во машина, во размет 75 отсто и 25 отсто.
Состојките сипете ги во боца со распрскувач, нанесете на туш кабината и истријте. Жените кои го пробале трикот се задоволни од резултатот. Освен што отстранува дамки, го намалува замаглувањето за време на туширање.
Со слични состојки може да се направи и одлично средство за перење прозорци и огледала, само што тогаш во мешавината додајте и вода.
Рецептот е следен:
- 2 чаши вода
- ¼ чаша бел оцет
- Половина лажица средство за миење садови
Прво во шишето со распрскувач промешајте ја водата и оцетот па додадете средство за миење садови. Лесно измешајте да се направат меурчиња од сапуницата. Нанесете на стаклото и избришете со хартиени крпи.