Ако парфемот го ставате на вратот или деколтето, треба ВЕДНАШ да прекинете, а еве и зошто! (ВИДЕО)

popara11 октомври, 20221min00
parfem-2048x1364

На овој начин кожата побрзо старее и се забрзува појавата на брчки

Како дел од подготовката за излегување, парфемот е незаменлив елемент.

По навика, обично се става на вратот или на деколтето, но се чини дека ова е погрешен пристап.

Така барем тврди манекенката Мишел Силва, а во видеото кое го објави на „Тик Ток“ објасни зошто е тоа штетно.

Таа откри дека всушност ставањето на омилениот парфем на овој дел од вашата кожа може да го забрза нејзиното стареење, како и појавата на брчки. А главниот виновник за ова е алкохолот кој се наоѓа во повеќето парфеми.

– Алкохолот всушност ја суши вашата кожа и ја намалува природната способност на кожата да се заштити од штетното УВ зрачење. И токму поради ова кожата дополнително се оштетува на сонце – вели Мишел и додава:

– Големиот процент на алкохол во парфемите го привлекува и засилува УВ зрачењето кое постепено предизвикува појава на брчки и промени на кожата, која поради тоа дополнително старее.

А ако веќе сте достигнале одредена возраст и сте почнале да користите производи против стареење, знајте дека тие не можат да ве заштитат од штетното дејство на алкохолот, бидејќи тој продира во кожата и преку неа. Затоа најдобро решение е да го испрскате парфемот на вашата облека ако користите таков со алкохол или едноставно да се одлучите за мирисна нота без него.

ОВДЕ може да го погледнете видеото каде Мишел објаснува се.