Ви прсна масло на омилената маица? Не грижете се, 3 состојки ја отстрануваат дамката за кратко време (ВИДЕО)

popara11 октомври, 20221min00
ulje-przenje

Оваа комбинација ги отстранува и најтврдокорните дамки

Колку пати ви се случило да не внимавате за момент, па секако, тогаш маслото од тавата ќе прсне на вашата најомилена кошула.

Но, не грижете се, само 3 состојки ќе ви помогнат да се ослободите и од најтврдокорните дамки.

Со помош на овој трик за мала сума пари можете да ги исчистите сите масни наслаги во рок од еден час.

А се што ви треба е сода бикарбона, четка за заби и малку детергент за миење алишта.

Прво што треба да направите е преостанатата маснотија да ја „соберете“ со тоалетна хартија, а потоа на критичното место да посипете малку сода бикарбона, која е универзална алатка за отстранување на сите можни нечистотии. Потоа оставете ја да отстои еден час.

Следниот чекор е да се стават водата и детергентот за перење во мал сад и добро да се измешаат. Искористете стара четка за заби и натопете ја во оваа смеса, а потоа втријте ја на дамката.

По овие чекори, можете да ја ставите маицата во машината за перење за да се пере со останатите алишта.

Погледнете го видеото ТУКА.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma