„Новиот“ Бермудски триаголник: Место во Јапонија на кое исчезнале дури 700 луѓе

popara15 октомври, 20221min00
62183168

Ѓаволското море (Ma-no Umi на јапонски), познато и како Змејски триаголник, е област во Тихиот Океан околу брегот на Јапонија и островот Огасавара, која опфаќа добар дел од Филипинското Море. Лежи директно спроти Бермудскиот триаголник и се смета за негов пацифички пандан. Згора на се, забележани се и активности во таа област кои тешко се објаснуваат.

Пред неколку илјади години Кинезите верувале дека во тоа море живее монументален змеј, кој ги влече бродовите на дното за да си ја нахрани гладта. Затоа, не е чудно што исчезнувањето на бродовите во Ѓаволското Море денес многумина му го припишуваат на ова митско суштество.

Постојат приказни за тоа како големиот монголски водач Кублај Кан се обидел да ја нападне Јапонија уште во 13 век, но изгубил 40 илјади луѓе токму во триаголникот на змејот. Во текот на 19 век, многу морнари пријавиле ненадејно појавување на мистериозна дама на нивните едрени бродови.

Сепак, најпознатата приказна датира од 1952 година, кога во септември исчезна истражувачкиот брод Kaio Maru No. 5 со полн екипаж од 31 лице. Истражувачите ја разгледувале активноста на подводниот вулкан Миоџин-шо и никогаш не се вратиле дома.

Според натписите на Чарлс Берлиц од 1989 година во книгата „Змејовиот триаголник“, од 1952 до 1954 година, јапонската армија загубила пет бродови со околу 700 луѓе на ова подрачје, поради што јапонското Министерство за поморство и рибарство го прогласи опасно во средината на минатиот век.

Што навистина се случило со исчезнатите луѓе и бродови никогаш не е целосно разјаснето, како во случајот со Бермудскиот триаголник.

Науката тврди дека не се работи за паранормална активност, туку за постоење на заробени количини опасни гасови на морското дно. Поточно, станува збор за наоѓалишта на метан клатрат, кој на температура повисока од 18 степени Целзиусови може да предизвика неверојатна експлозија и да потоне бродови без никакви остатоци или докази.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma