Риби: Месецов ќе се чувствувате некако интензивно и ќе имате некоја тежина на срцето. Потребна ви е интимност и некој што ќе ве прегрне и разбере. Мора да ги пуштите работите кои ги надраснавте.
Некои месеци сè ни оди од рака, но некои се навистина тешки и едвај ги „преживуваме“.
Каков месец ќе ви биде октомври?
Хороскопски знаци кои ќе имаат проблеми овој октомври:
Бик
Ќе бидете фокусирани на тоа работата да биде завршена, па ќе влезете во некоја рутина на работење премногу и запоставување на своите потреби. На моменти ќе бидете презаситени и ќе се борите да пронајдете мотивација.
На приватен план ќе имате драми и ќе се наруши хармонијата помеѓу вас и партнерот.
Универзумот ќе ви приреди предизвик за да сфатите дали партнерот ви е суден или едноставно треба патиштата да ви се разидат.
Стрелец
Ќе бидете чувствителни на надворешните влијанија и можно е да се повлечете во себе. Мора да се преиспитате малку.
Можно е да имате конфликти и со партнерот и да пренесете некоја своја фрустрација во врската.
На потешкиот пат ќе научите дека треба да работите еден со друг, наместо еден против друг.
Водолија
Израснавте многу во изминатиот период и ќе мора да научите како да се ослободите од претходните верзии од себеси.
Направете чекор назад, погледнете ја големата слика и внимавајте на дисциплината.
Подготвени сте да создадете име за себе, но размислете какво име и колку вреди да го жртвувате љубовниот живот во име на тоа.
Риби
Месецов ќе се чувствувате некако интензивно и ќе имате некоја тежина на срцето. Потребна ви е интимност и некој што ќе ве прегрне и разбере.
Мора да ги пуштите работите кои ги надраснавте и да сфатите дека помошта доаѓа кон вас и сосема е во ред да ја прифатите.
Зајакнете ја љубовта кон себе и направете разлика помеѓу себеприфаќање и самодоверба и его од друга страна, првото ќе ви делува ослободувачки. Научете да се сакате себе, без да чекате потврда за вашата вредност од светот.