МИЕЊЕТО НА ПАТИКИТЕ НИКОГАШ НЕ БИЛО ПОЛЕСНО! Само следете ги овие чекори!

popara18 октомври, 20221min00
Fitnes-12

Рачното перење патики може да потрае долго, па не е невообичаено домаќинките да ги перат патиките во машина за перење. Доколку одлучите да ги перете во машина, ве советуваме прво да ја отстраните нечистотијата со четка

Најдобар начин да одлучите како да ги перете вашите патики е врз основа на материјалот од кој се направени.

Кожните и патиките од превртена кожа никако не треба да се перат во машина, бидејќи постои голем ризик да се оштетат при перење. Од друга страна, лесно можете да ги перете платнените и памучните патики во машина.

Што треба да направите?

Најпрво задолжително извадете ги врвките од двете патики, а по потреба извадете ги и влошките. Врвките од чевлите можете да ги ставите во торбичка за перење нежна облека. Пред да ги ставите патиките во машината за перење, отстранете ја нечистотијата, калта, лисјата и се останато со четка за чевли. После тоа, ставете ги патиките во машината за перење така што ќе ги ставите во навлака за перница или торба за чувствителни алишта.

Никогаш немојте да ги перете патиките сами во машина бидејќи ќе се удираат во барабанот, туку секогаш додавајте две или три крпи.

Полиестерските кеси секогаш ќе ги штитат вашите патики, па можете да ги ставите во нив за да се погрижите да не се оштетат. Ќе спречите и врвките да се изгубат во машината.

Исто така, обавезно перете ги патиките на ниска температура, се препорачува тоа да се прави на 30 степени.

По миењето, не ставајте ги во машина за сушење или во близина на извор на топлина, бидејќи може да се оштети лепилото што ги држи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma