Фантастични трикови
Хартијата за печење главно ја користиме во кујната за да го олесниме приготвувањето на разни јадења. Сепак, искусните домаќинки откриваат на кои се начини можете да ја искористите
Полирање на славините
Со хартија за печење исполирајте ги славините за да блескаат! Со полирањето, хартијата ќе ги отстрани дамките од вода, а восокот од хартијата некое време ќе ги заштити славините од појавата на нови дамки.
Обложете ги полиците
Ставете хартија за печење на највисоките полици во кујната каде што се собира прашина и маснотии од готвењето. Менувајте ги на секои неколку месеци и ќе се изненадите колку нечистотија ќе остане на нив. Оваа хартија можете да ја користите и за обложување на фиоките и внатрешните полици во кујнските кабинети.
Исчистете го подот
Поставете ја хартијата како џогер и исчистете го подот како и обично. Ќе ја соберете целата нечистотија од подот и ќе ја исполирате со восокот од хартијата.
Исчистете ја пеглата
Ако ви се пеглата почне да лепи, направете го следново: посипете сол на хартија за печење и кога пеглата ќе се загрее до максимум, нежно тријте додека не се отстрани целата нечистотија.
Зачувајте го отворачот за конзерви
Хартијата за печење е обложена со восок, кој ќе се префрли на сечилото на отворачот и на тој начин ќе го исчисти доколку е нечисто, а дополнително ќе го обложи и на тој начин ќе го сочува од ‘рѓа и ќе го „подмачка“ за лесно отворање.
Спречете крцкање на вратата
Вратата што чкрипи затоа што се заглавува при затворање и отворање истријте ја со хартија за печење и ослободете се од непријатниот звук. Восокот од хартијата ќе ги премачка рабовите и вратата полесно ќе се затвара и отвара.
Сочувајте го вашиот градинарски алат
По употреба, исчистете ја градинарската алатка со оваа хартија. Покрај лесното отстранување на остатоците од почвата, восокот од хартијата ќе го заштити металот од ‘рѓа.
Исчистете ги металните шипки
За полесно да се лизгаат прстените на завесата во бањата, истријте ја шипката со хартија за печење и на овој начин подмачкајте ја и избришете ја прашината што сигурно се залепила на неа. Применете го истиот принцип на чистење прашина на прачките во гардероберите и плакарите. Со полирање тие повторно ќе заблескаат.