Ривиера Маја на полуостровот Јукатан во Централна Америка може да се пофали со еден од најголемите подземни речни системи исполнети со кристално чиста вода и неверојатни формации за кои биле потребни илјадници години за да се формираат.
Кога нуркачот Мартин Броен решил да ја истражи оваа област, сакал да го сними својот потфат. Отпрвин мислеше дека ќе може да ја сними својата авантура со GoPro, но излезе дека има многу да научи за подводната фотографија доколку сака да ги долови магичните сцени во пештерите.
Научените правила за фотографирање под вода добро се исплатеа. Броен успеа да сними неверојатни сцени кои повеќето луѓе никогаш нема да ги видат во живо.
„Тоа е лавиринт од поплавени тунели во темнина. Како што постепено се оддалечувате од излезот, ги следите линиите и оставате траги за да можете да го најдете излезот“, кажа за медиумите Броен.
Магичниот подводен свет го осветлуваат само неколку сончеви зраци кои на места пробиваат пукнатини и создаваат нереални сцени.
Какви природни чуда се кријат во пештерите на ривиерата Маја во Мексико, погледнете во фотогалеријата.