
Аргановото масло е органски производ, кој се произведува од кернели на дрвото арган (Argania spinisa L.), ендемичен вид во Мароко. Тоа е особено богато со корисни хранливи материи, вклучувајќи масни киселини и витамин Е. Неговите својства го прават особено корисно за косата и кожата, заради што е популарен козметички производ. Следуваат некои од неговите најчести употреби.
- Ја хидратизира кожата
Аргановото масло најчесто се користи за хидратација и омекнување на кожата. Тоа брзо се впива и не остава мрсни наслаги. Богато со витамин Е и масни киселини, аргановото масло е идеален производ за постигнување природен изглед на кожата. Начинот на користење е лесен, а може да се аплицира на кожата на целото тело, вклучувајќи ги и лицето и вратот. Потребни ви се само неколку капки кои со нежно триење или масирање треба да ги нанесете на вашата кожа, како и кое било млеко за тело. Витамините Е и А помагаат деликатните делови од телото да останат хидратизирани.
- Против акни и лупење на кожата
На чисто и суво лице се ставаат неколку капки арганово масло на делот каде што има акни. После чистењето и тапкањето на лицето со чист пешкир, нанесувањето арганово масло овозможува кожата да се навлажни, а неговите хранливи материи да навлезат во неа и да ја исчистат. Масирајте нежно и повторувајте ја постапката два пати дневно, бидејќи тоа ќе ви помогне да се ослободите од акните и да ја балансирате мрсната или сува кожа. Бидејќи аргановото масло има ниска масленост, тоа помага да ѝ се обезбеди на кожата природна влажност. Аргановото масло исто така е богато со антиоксиданси и помага во регенерирање на оштетените клетки на кожата и ги намалува воспалението и лупењето.
- Добар регенератор за коса
Докажано е дека аргановото масло ја прави косата помека, свиленкасата и посјајна. Тој е идеален балсам за коса кој помага во регенерирање на разделените, оштетени врвови и припитомување на дивата, разлетана коса. Начинот на користење на аргановото масло е екстремно лесен. Се нанесува на сува коса и се остава да отстои минимум половина час (препорачливо е цела вечер доколку можете), а потоа темелно се мие. Исто така, доколку имате екстремно суви врвови, аргановото масло може да биде замена за силиконски капки. По само неколку користења резултатот е неверојатен, ја скротува дивата и оштетена коса, и ѝ дава сјај. Многу се користи и за стилизирање на косата, истовремено правејќи ја здрава и лесно одржлива.
- Против стареење
Аргановото масло не само што дејствува како ефективна крема, туку може да ѝ даде на кожата младешки сјај и да ја намали видливоста на брчките. Како добар антиоксиданс, аргановото масло може да биде идеално во борбата против годините. Ја враќа еластичноста и дава чувство на мекост и хидратантност. Најдобар начин да се спречат брчките е да се масираат со масло лицето и вратот пред спиење.
- Како балсам за усни
Во ладно или суво време усните лесно може да станат болни, суви и испукани. Идеален производ за тие да бидат меки, еластични и здрави е повторно аргановото масло. Можеби не може да ги излечи многу испуканите усни, но може да ги одржи меки, мазни и хидратизирани. Треба само да се натапкаат неколку капки масло исто како балсам за усни. За да се спречи пукање на усните во зима, секогаш имајте арганово масло со вас.
- За заштита на ноктите
Се применува директно на прстите на рацете и нозете, со што ги прави ноктите поцврсти, поздрави и помалку кршливи. Сето ова е благодарение на високото ниво на витамин Е и антибактериските својства. Исто така може превентивно да се користи против инфекција на кожата околу ноктите, благодарение на неговите антивоспалителни својства.
- За суви стапала
Ако кожата на стапалата ви е сува и испукана, нанесете неколку капки арганово масло и проблемот многу брзо ќе биде решен. По нанесувањето, дозволете маслото да делува некое време за да може витамините и хранливите материи да навлезат и да ја вратат мекоста и влажноста на стапалата. Ако сакате да ја зголемите ефективноста на третманот, откако ќе го ставите маслото облечете чорапи и држете ги најмалку 30 минути или ако можете оставете ги во текот на ноќта.
Аргановото масло се покажало многу ефикасно и кај спортистите. Добро е за масажа на мускулите и за третирање на кожни инфекции како резултат на неговото силно антигабично својство.