ДА, треба темелно да ги исчистите вашите четки за шминкање, А ЕВЕ И КАКО!

popara11 ноември, 20221min00
be6c4251776355787902676566375c9987919d8c

Како и колку често да ги чистите четките за шминкање и со тоа да им го продолжите животот

Иако некои велат дека незнаењето е „блаженство“, мислиме дека е важно да знаете дека вашите четки за шминкање нема да се исчистат сами по себе. Колку и да е практично да ги користите истите четки при шминкање и да се надевате на најдоброто, сигурно ќе ширите бактерии низ целото лице со секоја употреба.

Секое средство што го користите за апликација е полно со несакани гости, понекогаш дури и со габи и мувла. За да избегнете несакани резултати, експертите препорачуваат темелно миење и чистење на четките и сунѓерите.

Најмалку на секои 2 недели или почесто, четките мора да се мијат, доколку забележите дека на нив останала шминка. Познатите шминкери нагласуваат дека одржувањето на вашите „алатки“ за шминкање е од суштинско значење за здравјето на вашата кожа. И со тоа, исто така го продолжувате нивниот животен век.

Се што ви треба е: вода и сапун. Ова е нешто што е достапно за секого, па нема оправдување да се избегне оваа обврска. За оние кои сакаат да одат чекор подалеку, има и производи кои се специјализирани за чистење на четки, но вашето вообичаено средство за миење лице исто така ќе ја заврши работата.

Внимавајте рачките на четките да не дојдат премногу во допир со вода, бидејќи тоа може да го омекне лепилото што ги држи сите влакна на своето место. Откако ќе ги насапуните и исплакнете со вода најмалку 2 пати, исушете ги четките со крпа и оставете ги на полица целосно да се исушат. Ќе бидат како нови!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma