Ситни колачиња на стапче кои се јадат во еден залак: Топчиња со кафе и чоколадо (РЕЦЕПТ)

popara12 ноември, 20221min00
Screenshot_9

Послужете ги како мали колачи на славата.

 

 

 

Комбинацијата на кафе и чоколадо е нешто што дефинитивно излегува добро.

 

 

Состојки:

 

  • 600 мл млеко
  • 50 гр шеќер
  • 40 гр пченкарен скроб
  • 60 гр млеко во прав
  • 200 гр стопено чоколадо
  • 60 мл кафе

 

Подготовка:

 

Во сад измешајте ги млекото, шеќерот, пченкарниот скроб, млекото во прав и кафето. Гответе на тивок оган додека смесата не стане густа. Оставете да се излади и изблендирајте. Префрлете во силиконско тавче за мафини во форма на полукругови и замрзнете 2 часа. На едните половини од топчињата ставете стапчиња од сладолед, а на другите половини малку од смесата и залепете за да формирате топче. Замрзнете уште 1 час. Секое топче потопете го во растопеното чоколадо и замрзнете уште 30 минути.