Тешка 18 тони! Нова пирамида во Египет за која се знае точно како е изградена

popara14 ноември, 20221min00
62416303

Нова пирамида осамна во египетската пустина. Но, зад нејзината изградба нема голема мистерија – точно се знае кој и како ја изградил.

Тоа е дел од движењето наречено 100YR Cleanup – иницијатива на Zero Co, чија главна цел е да се финансираат големи расчистувања на ѓубре низ светот во следните 100 години.

Тие веруваат дека се потребни точно 100 години за да се исчисти планетата од ѓубре. Во исто време, тие сакаат да ги охрабрат луѓето поодговорно и посвесно да користат пластични предмети за еднократна употреба, кои ги загадуваат природните ресурси низ планетата.

Пирамидата е изградена во текот на пет дена во западната пустина во близина на Каиро од милион пластични шишиња и друг отпад пронајден во реката Нил. Таа е повисока од просечната трикатна зграда, а тежи неверојатни 18 тони.

Viša od trokatnice

За да го прослави почетокот на иницијативата, но и да ги привлече луѓето да се приклучат на акцијата, иницијаторот на идејата Мајк Смит решил три дена да кампува на врвот на таа пирамида.

100YR Cleanup моментално е во процес на собирање 1 милион американски долари, доволно средства за финансирање на првата година од чистењето.

Се верува дека во првите 365 дена од кампањата, 15 милиони фрлени пластични шишиња ќе бидат извадени од светските океани, од Хималаите и Египет, и дека ќе се формираат одреди за чистење во Австралија и Индонезија кои ќе го отстрануваат ѓубрето од природата секоја работен ден од неделата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma