Доколку зимата ве фатила, а уште не сте го однеле тепихот на перење, ви предлагаме „суво перење“ кое можете сами да го направите дома. Се што ви треба е големо пакување сода бикарбона, алкохолен оцет и кофа вода.
Постапката е како што следува:
1. Најпрво добро исчистете го тепихот со правосмукалка и со помош на четка за чистење отстранете ги сите влакна од неговата површина.
2. Потоа истурете оцет во кофата и натопете голема памучна крпа во неа. Потоа избришете го целиот тепих со оцет.
3. Потоа измешајте сода бикарбона и вода во леген и натопете памучна крпа во тој состав. Избришете го тепихот со неа уште еднаш. Потоа оставете го да се исуши.
4. Исчистете го целиот вишок сода бикарбона од тепихот.
Сода бикарбоната ќе ги отстрани непријатните мириси и остатоците од прашина, а оцетот ќе ја направи вистинската дезинфекција. Сè што треба да направите е да го исчистите тепихот уште еднаш со правосмукалка за да ги соберете остатоците од содата и тој ќе блесне како штотуку да излегол од салонот!