Иако се уште не се познати точните детали, најавена е изградба на највисоката станбена зграда во светот. Тaa треба да биде изграденa во центарот на финансиската област Бизнис Беј во Дубаи – град кој веќе ја има најголемата зграда во светот, Бурџ Калифа.
Највисоката станбена зграда на светот треба да се протега на повеќе од 100 ката, а на врвот на структурата ќе бидат поставени неверојатни дијамантски кули кои ќе имитираат изглед на круна.
Изгледот на зградата е инспириран од елегантниот дизајн на суперјахти и борбени авиони, но пред се од понудата на еден од двајцата главни инвеститори – куќата за накит Jacob & Co, која продава и луксузни часовници.
Имено, зад овој проект стои локалната градежна компанија Binghatti, која заедно со компанијата Jacob & Co сака да создаде станбен простор за елитата и да го редефинира концептот на луксузен живот во метрополата.
Станбениот облакодер Binghatti Jacob & Co ќе вклучува апартмани со две и три спални и модерни апартмани, бесконечен базен со поглед на Дубаи, спа центар, фитнес сали, како и услуги како телохранители, возачи и приватни готвачи.
Титулата за највисока станбена зграда во светот моментално ја носи облакодерот Централ Парк во Њујорк, кој се издига на 472 метри.