
Спречете го расипувањето на овошјето и ослободете се од мушичките
Во кујната често може да се најдат мали мушички, а најчесто на овошјето, поради што побрзо се расипува.
За да се ослободите од овие инсекти, не ви се потребни никакви хемикалии, туку неколку состојки кои веќе ги имате во вашата кујна.
Овие инсекти се толку ситни што е тешко да се фатат и можат да се завлечат насекаде, па затоа е препорачливо да ги елиминирате што е можно поскоро.
Состојки:
малку вода
малку јаболков оцет
малку детергент за садови или течен сапун
проѕирна фолија
Подготовка:
Во сад со вода додадете малку детергент (или течен сапун) и оцет.
Покријте го садот со фолија, а потоа избодете ја на неколку места. Мувите ги привлекува мирисот на оцет, кој ги мами во садот.