
Астрологијата открива кои знаци постојано се жалат и плачат за својата судбина
Риби
Рибите се емотивни и чувствителни, но често се ставаат во позиција на жртва за да добијат симпатии од околината. Тие постојано се жалат на другите луѓе дека нивниот живот е тежок.
Додека кукаат за своите проблеми, откриваат сочни, но не сосема вистинити детали бидејќи едноставно уживаат во драмата.

Рак
Раковите се сочувствителни, но постојаното сочувствување со другите може да биде исцрпувачко. Секогаш се преплавени со емоции, а тоа доведува до постојана напнатост и чувство дека нивните раменици ја носат тежината на светот.
Бидејќи не знаат добро да се справат со тоа, најлесно им е да се пожалат на секој што сака да слуша.
Девица
Овој знак се стреми кон совршенство, па се што отстапува од тоа може да ги исфрли од колосек. Бидејќи во реалниот живот е тешко да се постигне совршенство, брзо се вознемируваат и во тие моменти најлесно им е тоа да го извадат од себе со жалење и лелекање.
Другите луѓе ги гледаат Девиците како луѓе кои постојано се жалат, но за нив кукањето е сосема природен начин за ослободување од негативните емоции.